Совладај го Exocad и разбери го целиот процес.
Дигиталната стоматологија бара повеќе од клиничко знаење. Со разбирање на Exocad, комуницираш подобро со техничарот и го контролираш секој чекор во третманот.
Подобро разбирање на Exocad значи подобра комуникација со лабораторијата и подобар резултат за пациентот.
Exocad не се учи гледајќи. Се учи преку дизајнирање на вистински случаи, со ментор кој е 100% посветен и е покрај тебе, преку 3 модули и 12 недели заедничка работа.
Од почетник до сигурен Exocad дизајнер - онлајн, 1 сесија неделно
-
01Практични лекции - работиш во живо, ревидираш на снимка
36 онлајн лекции во живо, секоја со практична задача. Дизајнираш на компјутер додека менторот те води - а по секоја сесија снимката се качува на платформата, спремна кога и да сакаш да се вратиш на неа.
- + 36 лекции во живо, секоја со hands-on задача што ја работиш веднаш
- + Снимката од секоја сесија на платформата - гледаш повторно, ревидираш или фаќаш пропуштена сесија
- + По завршување дизајнираш самостојно коронки, мостови, инлеи и онлеи
- + Сертификат за стекнато знаење како доказ за клиники и работодавци
-
02Практика на реални дигитални проекти.
Внимателно одбрани вистински проекти за учење чекор по чекор. Коронки, мостови и импланти исти предизвици што се среќаваат во секојдневната стоматологија. Менторот те коригира во живо додека дизајнираш, така што грешките се исправуваат веднаш.
- + Вистински дигитални проекти кои ги користат професионалци не симулации од интернет, туку внимателно одбран workflow.
- + Коронки, мостови, импланти истите предизвици што се среќаваат секој ден во реалната стоматологија.
- + Менторот те коригира во живо додека работиш грешките се откриваат и исправуваат веднаш, без да чекаш денови за повратна информација.
- + Градиш портфолио од реални дизајни што можеш да го покажеш на клиники и потенцијални работодавци.
- + 1 сесија неделно × 2+ часа доволно интензивно за реален напредок, без да го наруши твојот работен ден.
-
03Водичот, снимките и работните фајлови - сè на платформата
Едно логирање и сè е таму: водичот низ програмата, снимката од секоја онлајн сесија и работните фајлови на кои дизајнираме. По програмата, професионална врска со Александра за соработка, консултации и поддршка со комплексни случаи.
- + Водичот низ програмата на платформата - држи го на екран додека дизајнираш, или преземи го PDF-от и отпечати го
- + Снимката од секоја сесија на платформата - гледаш повторно, ревидираш или фаќаш пропуштена сесија
- + Работните фајлови од секоја сесија, спремни за преземање и за да дизајнираш сам
- + Точни параметри за секој материјал: cement gap, маргини, минимални дебелини
- + Водич за решавање проблеми кога нешто не е во ред, одговорот е на една страна
- + Пристапот ти останува отворен во текот на програмата и одреден период по неа
- + По програмата не завршува врската Александра останува професионален контакт
- + Можност за соработка на случаи и професионална изработка кога ти треба
Ова не е програма за гледање. Туку онлајн работа со ментор на вистински стоматолошки случаи, 1 сесија неделно.
Онлајн програм. 1 сесија неделно. 36 практични лекции.
Програмот Од Скен до Насмевка - од прво отворање на Exocad до самостоен дизајн на коронки, мостови, инлеи и фасети. 4 онлајн сесии за 1 месец, без одење на физички часови.
Мастер програм: Од Скен до Насмевка
Online програм за доктори по дентална медицина - 1 сесија неделно × 4 недели, со снимка од секоја сесија и работните фајлови качени на платформата за учење. Од прво отворање на Exocad до самостојно дизајнирање на коронки, мостови, инлеи и фасети.
- + Правилно пополнување на налог - за да избегнеш враќања на случаи и загубено време.
- + 3D Data Editor - за решавање на проблеми со загризот пред да станат проблем во ординацијата.
- + Дефинирање на оска за внесување - за прецизни реставрации од прв обид.
- + Хардверски барања на Exocad - за да не го сопираш работниот тек поради бавен компјутер.
Вовед
Овој вовед објаснува зошто exocad стана стандард во дигиталната стоматологија и како програмата е структурирана за учење чекор по чекор. Ќе се запознаеш со инструкторот и нејзиното искуство, ќе добиеш преглед на достапните верзии, лиценци и дополнителни модули, како и насоки за избор на правилен reseller за континуирана поддршка.
Хардверски барања за оптимална работа со exocad
За оптимална работа со exocad потребно е да ги исполниш минималните хардверски барања вклучувајќи доволно RAM меморија и соодветна графичка картичка. Ќе научиш како да избереш помеѓу лаптоп и десктоп решение според твоите потреби, како и какви ограничувања постојат при работа на Mac.
Креирање случај и основи на работа
Овој дел те води низ процесот на креирање нов случај и навигација низ интерфејсот на exocad. Ќе научиш како да додаваш пациенти, организираш проекти, избираш заби, реставрации и материјали, како и да работиш со коронки, мостови и импланти. Дополнително, ќе совладаш користење на дополнителни скенови, поставување параметри за прецизен дизајн и техники за зачувување, копирање и споделување случаи.
Типови датотеки и проверка на скенови
Ќе ги разбереш разликите помеѓу STL, PLY и OBJ форматите кои се најчесто користени во дигиталната стоматологија. Научи како да прегледуваш и валидираш скенови пред да започнеш со дизајн, и како навреме да откриваш потенцијални проблеми.
Кратенки (Hotkeys) за побрза работа
Совладај ги најкорисните кратенки на тастатура кои се есенцијални за почетници во exocad. Ќе научиш како брзо да криеш и прикажуваш делови од моделот и значително да го забрзаш твојот работен тек.
Wizard Mode и Expert Mode
Wizard Mode е идеален за почетници бидејќи обезбедува водена работа чекор по чекор. Со текот на времето ќе преминеш на Expert Mode кој нуди целосна контрола врз дизајнот, а овој дел објаснува кога и како најдобро да направиш тој премин.
Ориентација на скенови и корекција на превртени мешови
Научи како правилно да ги избереш мешовите за работен модел и антагонист и како да корегираш неправилна ориентација на скенот. Овој дел покрива работа со 3D модели вклучувајќи ротирање, зумирање и поместување, како и препознавање на ориентацијата преку бојата на триаголниците.
3D Data Editor: уредување скенови
Научи како да ги уредуваш и чистиш скеновите пред да почнеш со дизајн. Овој дел покрива бришење непотребни делови, поправка на дупки во мешот и подготовка на чист работен модел за прецизен резултат.
Детекција на маргина: алатки, совети и трикови
Овој дел ги покрива техниките за автоматска и рачна детекција на маргина во exocad. Ќе научиш како да ги прилагодуваш точките за прецизна маргинална линија и како да го оптимизираш светлото и прегледот за подобра видливост.
Crown Bottom и постигнување прецизно вклопување
Разбери ги параметрите за добро вклопување вклучувајќи cement gap и различни зони. Ќе ги совладаш границите (horizontal, vertical, angled), опциите за подкопувања и milling, како и прилагодувањата за коронки, veneers и други реставрации.
Оска на вметнување и идеална насока
Научи како да ја одредиш најдобрата насока за вметнување на реставрацијата. Овој дел објаснува како да ги минимизираш поткопаните места околу маргината и како да ги следиш промените во реално време.
Минимална дебелина и недоволна препарација
Разбери ја минималната дебелина потребна според типот на материјал и забот што се реставрира. Научи како да го провериш оклузалниот простор пред да направиш корекции.
Поставување заби и избор на морфологија
Овој дел те води низ изборот на модел на заб од библиотеката и техниките за позиционирање вклучувајќи ротирање, влечење и скалирање. Ќе ги совладаш и free-form алатките за финални корекции на обликот.
Free-Forming: алатки за обликување
Free-forming алатките ти овозможуваат додавање, одземање и измазнување на површината на дизајнот. Научи како да ги прилагодуваш cusps, ридовите и контурите, како и да контролираш растојанија и контактни точки.
Зачувување и спојување на дизајн
Научи како правилно да го финализираш и спојуваш (merge) сите делови од твојот дизајн. Овој дел покрива проверка на STL за 3D печатење и разликите помеѓу реставративен и имплантолошки workflow.
Поставување и креирање на лингвална стапалка (Lingual Band)
Разбери ги разликите помеѓу offset coping и анатомска коронка и научи како да додаваш антагонист и гингива скенови. Овој дел покрива усогласување на мешови, дизајн на лингвална стапалка со правилен агол и висина, обезбедување простор за керамички слоеви и финализирање на проектот.
Intaglio поставки и предвидливи резултати во exocad
Совладај го дизајнот на inlays и onlays чекор по чекор, вклучувајќи избор на материјал, датотеки и анатомски модел. Ќе научиш да го проверуваш вклопувањето со Show Distances, да правиш free-form прилагодувања со зачувана морфологија, да користиш TrueSmile за визуелизација на фисури и техники за сечење и мазнење за правилна адаптација.
Брз Workflow за симетрични резултати со функцијата Copy Tooth
Научи ја Mirror функцијата за креирање симетрични фронтални коронки и како да копираш и пресликуваш модели од скенот. Овој дел покрива Advanced Placement за прецизна симетрија, користење custom views и grid за точна позиција, TrueSmile за визуелна проверка, free-forming техники за мазнење и контури и финална проверка на контактни точки.
Поставување на случај и оска на вметнување
Научи како да дизајнираш мост со анатомски коронки и член, вклучувајќи детекција на маргина и оска на вметнување. Овој дел покрива решавање на случаи со раздвижени заби и симулација на редукција за пациентот.
Поставување на библиотеки за заби (Library Tooth Placement)
Совладај го вчитувањето и изборот на custom модели од библиотеките и користење на custom views за полесно поставување. Научи како да ги усогласуваш cusps, проверуваш волумен и користиш Show Contacts за проверка на контактите.
Free-forming и дизајн на хигиенски член
Овој дел покрива финално обликување и постигнување оклузална усогласеност. Ќе научиш како да креираш pontic bottom за хигиена без food traps, да користиш disk cutter за ембразури и техники за мазнење и анатомски детали.
Connectors различни workflows за долготрајни резултати
Научи како правилно да додаваш и прилагодуваш споеви (connectors) помеѓу единиците на мостот. Овој дел покрива избор на големина, облик и позиција за максимална стабилност, користење free-forming за постигнување точни димензии и финализирање и зачувување на готовиот мост.
Full Anatomy Reduction
Научи како да направиш редукција за керамика врз метална конструкција, вклучувајќи контрола на длабочината и исклучување делови од редукцијата. Овој дел покрива напредни опции како lingual side и multilevel reduction, минимална дебелина според материјал, free-form мазнење и прилагодување споеви и враќање во целосен анатомски облик.
Buccal Reduction / Cutback за делумни veneers
Совладај го рачното дефинирање на области за редукција и користење на прозрачност на скенот за лесно прилагодување. Научи како да управуваш со контактите со соседни заби и да применуваш free-form мазнење за финални корекции.
Master Model со дополнителни трупчиња (Extra Dies)
Научи како да пристапиш до Model Creator и правилно да ги исчистиш скеновите. Овој дел покрива Expert Mode, Model Alignment, типови модели и plateless опции, параметри за висина, ротација и tooth dies, како и креирање модели за антагонисти.
Модел со подвижни трупчиња (Removable Cut-out Dies)
Разбери што се cut-out dies и зошто се важни во работниот тек. Ќе научиш за Model Alignment, ditch параметри, gingiva mask, retention nubs и генерирање STL датотеки за 3D печатење.
Објаснување на проблеми со Cut View, анотации и screenshots
Научи како да го користиш Cut View за визуелно објаснување на случај и мерење растојанија помеѓу површини. Овој дел покрива додавање анотации со текст и стрелки за јасност, како и креирање screenshots за комуникација со клиенти.
Споделување на случаи преку HTML
Exocad овозможува 3D преглед директно во browser без потреба од дополнителен софтвер. Научи како да избираш објекти, поставуваш заштита со лозинка и лесно споделуваш случаи преку email.
Споделување на случаи преку PDF
Креирај документи кои комбинираат 3D модел и screenshots на едно место. Adobe Acrobat овозможува интерактивен 3D преглед директно во PDF документот.
Инсталирање нови Tooth и Implant библиотеки
Научи како правилно да инсталираш нови библиотеки за заби и импланти. Овој дел покрива проверка дали библиотеките се успешно вчитани во exocad и како да избегнеш чести грешки при избор.
Од поставување до готова реставрација
Овој дел презентира целосен workflow за различни типови реставрации, покривајќи облик, дебелина и минимални барања. Ќе работиш со случаи со една или повеќе единици, корекција на скенирачки грешки, маргинална линија и параметри, позиционирање и прилагодување заби, мостови, споеви и керамички слоеви, како и export и подготовка за производство.
Александра Симоновска
18+ години во забна техника. 5,000+ дизајнирани реставрации. Клиенти во Скопје, Загреб, Прага и Белград.
Со 16 години искуство во мануелна стоматолошка работа и дополнителни 5 години експертиза во дигитални технологии (Exocad), мојата голема предност е комбинацијата на класични техники и современ дигитален workflow. За да го надградам своето знаење, учествував на специјализирани обуки по дигитален дизајн во Загреб и IDD, каде стекнав напредни практични техники кои сега ги пренесувам на стоматолози, техничари и професионалци од областа.
Мојата обука е концентрирана на практични проекти, индивидуален менторинг и поддршка по завршување на програмата, така што учесниците веднаш можат да ги применат стекнатите вештини и да напредуваат професионално.
Нејзината филозофија: добрата реставрација значи помалку време во ординација и помалку рекламации.
„Научив Exocad преку проби и грешки и многу рекламации. Сакам да ти заштедам тие фрустрации и да те доведам до ниво каде секој случај што ќе стигне на маса ќе знаеш како да го решиш."
Што велат студентите по програмата
Забни техничари и стоматолози кои сега работат самостојно
Доаѓав со страв од дигиталната работа, со години работев само мануелно. По програмата се чувствувам сигурна и подготвена да прифатам секој дигитален проект. Александра ме водеше чекор по чекор, и ми посвети целосно внимание. Оваа програма навистина ја зголеми мојата продуктивност и самодоверба.
Ова беше моето прво учество на ваква програма и искуството беше навистина прекрасно. Атмосферата беше позитивна и мотивирачка. Научив многу нови и корисни работи кои сигурно ќе ги применувам понатаму. Програмата ги надмина моите очекувања и со задоволство би ја препорачала на секој.
Сѐ беше објаснето едноставно, чекор по чекор, со многу практична работа. Презадоволна сум од програмата и ја препорачувам и на почетници, но исто така и на колеги кои долго време работат мануелно, а сакаат да започнат дигитално.
Како млад забен техничар, почетната програма за Exocad ми беше исклучително корисна. Програмата беше одлично организирана и фокусирана на практична работа, со јасно објаснување на основниот работен тек во Exocad. Александра професионално и детално ги покри сите основни, но важни алатки потребни за секојдневна лабораториска работа. По завршувањето на програмата се чувствував подготвено за самостојна работа. Програмата е одлична основа за секој забен техничар што сака да направи чекор напред кон дигиталната стоматологија.
Најчесто поставувани прашања
-
Не. Ако никогаш не си отворил Exocad одлично. Програмата е дизајнирана да те води чекор по чекор од прво отворање до комплексни случаи. Повеќето студенти почнуваат од нула.
-
Да, потребно е да имаш Exocad инсталирано на твојот лаптоп.
-
Околу 4 часа неделно: 2 часа практична сесија и 2 часа домашна работа. Лесно се комбинира со редовна работа.
-
Сè се одвива онлајн. Добиваш пристап до нашата платформа за учење, а на секоја сесија се среќаваме во живо и дизајнираме заедно. Веднаш потоа снимката од таа сесија се качува на платформата, заедно со работните фајлови што ги користевме. Таму е и водичот низ програмата - читај го на екран или преземи го PDF-от и отпечати го. Пристапот ти останува отворен во текот на програмата и одреден период по неа.
-
Да. Секоја онлајн сесија се снима и се качува на платформата - за повторно гледање, ревидирање или ако пропуштиш сесија на живо. Таму се и работните фајлови од таа сесија. За конкретни прашања потоа, секогаш можеш да се обратиш.
-
По завршувањето на програмата, сите учесници добиваат сертификат од Dental Design By Aleksandra како потврда дека успешно ја завршиле програмата по Exocad.
-
Ниту една програма не ве прави експерт преку ноќ. Но целта е по програмата да знаете самостојно да работите основни и средно сложени случаи, и да не се чувствувате изгубено кога ќе добиете задача.
-
YouTube е одличен ресурс. Но таму гледате туѓ процес, без контекст и без одговори на вашите прашања. Овде работите, прашувате и добивате насока како во реална лабораторија.
-
Да, ќе добиете сертификат. Но искрено, сертификатот не ве вработува. Ве вработува тоа што знаете да го направите. Сертификатот е потврда, вештината е вредноста.
-
Затоа што не ве учам како предавач, туку како некој што секојдневно работи со Exocad и знае каде студентите најчесто се губат. Мојата цел не е да ви импресионирам, туку да ве подготвам.
-
Програмата е базирана на практична работа. Гледање без работа не создава сигурност. Работа со поддршка, да.
Контактирај нè
Дознај повеќе за програмата и одговори на сите прашања - јави се на WhatsApp или Viber
Местото се резервира со уплата.
Сè што добиваш во програмата водена од ментор со 18 години искуство и 5,000+ дизајнирани реставрации:
- + Мастер програм: Од Скен до Насмевка коронки, мостови, инлеи, онлеи дизајнираш самостојно од скен до STL
- + 36 видео лекции плус снимката од секоја сесија, на платформата за учење додека трае програмата и одреден период по неа
- + Реални случаи од лабораторијата градиш портфолио за работодавци и клиники
- + Индивидуален пристап менторот те води лично низ секој случај
- + Водич низ програмата со сите детали, плус работните фајлови од секоја сесија - преземи ги од платформата.
- + Дигитални библиотеки истите tooth и implant библиотеки од лабораторијата на Александра
- + Сертификат + професионална врска доказ за твоите вештини и контакт со менторот и по програмата
Испрати го случајот кај некој што го предава ова.
Разбирањето на текот не значи дека мораш да го работиш сам/а. Истата лабораторија што стои зад оваа програма ги презема случаите: дизајн во Exocad, одобрување во 3D пред фрезање, и изработка под ист покрив.
Погледни ја лабораторијата