Mastering Exocad · следна група 24 септември

Exocad не се учи гледајќи. Се учи дизајнирајќи на вистински случаи, со ментор покрај тебе.

Три месеци, три модули, 84 лекции и 15+ реални случаи од клиники, со корекција додека работиш, а не откако ќе се врати рекламација.

Погледни ја програмата
  • Онлајн · снимка по секоја сесија
  • Вклучена Exocad demo верзија
  • Сертификат
Следна група 24 септември
18+ години во забна техника
5.000+ дизајнирани реставрации
84 лекции низ 3 модули
15+ вистински случаи под раце
Зошто програма, а не туторијали

Да гледаш и да работиш не е исто.

Гледаш видео и сè изгледа лесно. Потоа отвораш вистински случај, ништо не се однесува како на екранот, а за грешката дознаваш кога ќе стигне рекламација.

Грешката што ја фаќаш во моментот не станува навика.

Сам, преку туторијали
Гледаш, но не работиш Проблемите се јавуваат кога ќе почнеш сам, на случај што чека.
Прашуваш, па чекаш Одговор за три дена, а случајот веќе е готов, и готов погрешно.
Учиш од рекламации Грешката те чини време, материјал и доверба кај клиниката.
Со ментор, на реални случаи
15+ вистински случаи под раце Коронки, мостови и импланти од реални клиники, не симулации од интернет.
Корекција во моментот Те поправам додека работиш, а не откако случајот заминал на фрезање.
84 лекции во фиксен редослед Секој модул се надградува на претходниот, со снимка по секоја сесија.
Програмата · 3 модули · 12 недели

Истиот редослед по кој и јас учев да работам

Без прескокнување. Прво ја градиме основата, потоа ја прошируваме.

  1. Mastering Exocad Fundamentals, основи на дигитален дизајн
    01 Основи · 36 лекции

    Од инсталација до коронка што оди на пациент

    Интерфејс, библиотеки, коронки и мостови, inlay и onlay, оклузија и контакти, извоз во STL за фрезање и принтање.

  2. Mastering Exocad Intermediate, имплантни и естетски случаи
    02 Средно ниво · 28 лекции

    Импланти, фасети и привремени, секојдневната работа

    Custom abutments, wax-up и слободно обликување, привремени конструкции, цементен простор и прилагодувањата што клиниките не ги враќаат.

  3. Mastering Exocad Advanced, All-on-X и целосни рехабилитации
    03 Напредно · 20 лекции

    All-on-X и целосни рехабилитации под контрола

    Комплексни случаи од почеток до фрезање, оклузија планирана низ цел лак, и што правиш кога случајот не оди по план.

    Твој случај, во твои раце
Ритам Една сесија во живо неделно · околу 4 часа неделно · снимка по секоја сесија · сертификат на завршување
мануелна забна техника
16 год.
Exocad и дигитален workflow
5 год.
Твој ментор

Александра Симоновска

18+ години во забна техника. 5.000+ дизајнирани реставрации. Клиенти во Скопје, Загреб, Прага и Белград.

Шеснаесет години работа со раце и уште пет во дигитална технологија, а предноста е тоа што ги имам и двете. Знам како изгледа добра форма во восок и знам како да ја добијам во Exocad. Напредните техники дојдоа од специјализирани обуки во Загреб и во IDD, и ги пренесувам директно.

Програмата е изградена околу практични проекти, индивидуално менторство и поддршка што продолжува и по завршувањето, за да можеш да го примениш наученото веднаш, на случаите што пристигнуваат на твојата маса.

Филозофијата е кратка: добра реставрација значи помалку време на столот и помалку враќања.

Што предава
Коронки и мостови Импланти Smile Design All-on-X Inlay / Onlay Model Creator
„Научив Exocad преку проби, грешки и многу рекламации. Сакам да ти ги поштедам тие фрустрации и да те доведам до тоа да знаеш како да го решиш секој случај што ќе ти дојде на маса."
Лабораторијата · за стоматолози, клиники и лаборатории

Не сакаш сам да учиш Exocad? Прати ми го случајот.

Истите раце што ја водат програмата дизајнираат и изработуваат реставрации секоја недела, церкон дизајниран во Exocad и фрезан, принтан и финиширан под ист покрив.

Види ги услугите
Готова изработка

Го праќаш случајот, добиваш готова конструкција

Скен или отпечаток влегува, а назад доаѓа завршена работа, дизајнирана, фрезана или принтана и финиширана во истата лабораторија. Тебе ти останува поставувањето.

  • + Една лабораторија од скен до полирање
  • + 5 работни дена за фасетиран церкон
  • + Дизајнот го одобруваш во 3D пред производство
  • Церкон, фрезан тука

    Единечни коронки, мостови и целосни лакови, а случајот не патува на друга адреса.

  • Одобрено пред да се изработи

    Конструкцијата ја вртиш во 3D. Ништо не оди на производство додека има отворени забелешки.

  • Испорачано, останува поставување

    Завршено и полирано, во рокот договорен пред да почне работата.

Искуства

Што кажуваат учесниците потоа

Искусен мануелен техничар
Доаѓав со страв од дигиталната работа, со години работев само мануелно. Сега се чувствувам сигурна и подготвенада прифатам секој дигитален случај. Александра ме водеше чекор по чекор и ми даде целосно внимание.
Прва дигитална програма
Ова ми беше првпат на програма од овој тип и искуството беше навистина убаво. Атмосферата беше позитивна и мотивирачка, а научив многу што сигурно ќе го користам. Ги надмина моите очекувања.
Мануелен → дигитален премин
Сè беше објаснето едноставно, чекор по чекор, со многу практична работа. Презадоволна сум, и ја препорачувам на почетници, и на колеги што со години работат мануелно и сакаат да почнат дигитално.
Млад забен техничар
Подготвено за самостојна работа. Почетник во дигитална стоматологија
Како млад забен техничар, почетната програма за Exocad ми беше исклучително корисна, добро организирана, фокусирана на практична работа, со јасно објаснет основен workflow. Александра детално ги покри сите алатки што ми се потребни за секојдневна работа во лабораторија. На крајот се чувствував подготвено за самостојна работа.
Бесплатен водич

Уште не си сигурен/на? Почни со првите чекори.

„Првите чекори во EXOCAD“: 20 страници за компјутер, налог, 3Д простор, маргинална линија и Tooth Placement. Стигнува веднаш на твојот мејл.

Земи го бесплатниот водич Бесплатно · 20 страници · PDF на мејл
ЧПП

Пред да одлучиш

Закажи разговор
Не сум добар со компјутери. Дали програмата е за мене?

Да. Не е потребно претходно знаење за софтверот, почнуваме од инсталација и интерфејс, чекор по чекор. Потребно е трпение за првите две недели и вештината што веќе ја имаш во рацете.

Дали моето мануелно искуство навистина ќе ми помогне?

Тоа е твојата најголема предност. Формата, контактите и оклузијата се истите одлуки, само ги носиш на екран. Почетникот учи и софтвер и заби наеднаш, ти учиш само алатката.

Колку време треба неделно?

Околу четири часа: една сесија во живо плус вежбање со свое темпо. Ако пропуштиш сесија, снимката е тука истата вечер, а прашањата ги носиш на следната.

Дали програмата е само за коронки?

Не. Коронките се почетокот. Оттаму работиш мостови, inlay и onlay, импланти и custom abutments, фасети, wax-up, привремени, и на крај All-on-X и целосни рехабилитации.

Имам години зад себе. Предоцна ли е да почнам сега?

Не е предоцна, подоцна е одошто сакаше, а тоа е друга работа. Годините зад тебе се содржината, програмата само дава редослед. Најдобрите резултати ги гледам кај техничари со долго мануелно искуство.

Дали може да се плаќа на рати?

Да. Опциите се договараат на разговорот, во зависност од тоа кога стартува твојата група. Нема скриени додатоци, а Exocad demo верзијата е вклучена за времетраењето на модулите.

Види ги сите 12 недели, потоа кажи ми од каде почнуваш.

Разговорот е бесплатен. Ми кажуваш каде си, ти кажувам дали програмата ти треба сега или после шест месеци.

Early bird цена - активна сега
Јави се на 070 338 312

Местото се резервира со уплата на 30% од целосната цена или првата рата. Можност за плаќање на рати.

Што добиваш

Сè што добиваш во програмата водена од ментор со 18 години искуство и 5,000+ дизајнирани реставрации:

  • + Модул 1: Fundamentals (36 лекции) коронки, мостови, инлеи, онлеи дизајнираш самостојно од скен до STL
  • + Модул 2: Intermediate (28 лекции) импланти, veneers, wax-up, привремени примаш случаи што порано ги одбиваше
  • + Модул 3: Advanced (20 лекции) All-on-X, целосни рехабилитации најкомплексните случаи под контрола
  • + Exocad демо лиценца вклучена Демо верзија
  • + 15+ реални случаи од лабораторијата градиш портфолио за работодавци и клиники
  • + Индивидуален пристап менторот те води лично низ секој случај
  • + Водич низ програмата + дигитални библиотеки на платформата, спремни за преземање истите tooth и implant библиотеки од лабораторијата на Александра
  • + Снимки + работни фајлови секоја сесија снимена на платформата, со фајловите од таа сесија спремни за преземање
  • + Сертификат + професионална врска доказ за твоите вештини и контакт со менторот и по програмата