Бесплатна онлајн работилница · 23 септември
Започни ја твојата дигитална ера со Exocad
За 90 минути гледаш како изгледа работата во Exocad од внатре - и заедно сработуваме еден едноставен случај, од почеток до финален дизајн.
- 23 септември, 19:00 ч.
- 90 минути
- Онлајн
- Бесплатно
18+ години во забна техника · 5.000+ дизајнирани изработки · клиенти во Скопје, Загреб, Прага и Белград
Програма на работилницата
Што ќе добиеш на оваа работилница
Ќе имаш можност да се запознаеш со светот на дигиталниот дизајн и Exocad, и да видиш како изгледа работата во дигитална средина.
Ќе разговараме за
- 01 Зошто на секој млад забен техничар му е потребен дигитален дизајн?
- 02 Кои можности ги нуди дигиталниот дизајн и каде можеш да го примениш своето знаење?
- 03 Зошто токму ти треба да научиш дигитален дизајн и како тоа може да ти отвори нови можности во кариерата?
Во живо, во Exocad
- 01 Ќе ти покажам како изгледа една реална работа во Exocad, од самиот почеток до финалниот дизајн.
- 02 Ќе објаснам како размислувам и кои чекори ги следам додека работам.
- 03 И најважно - заедно ќе сработиме еден едноставен случај, за да добиеш реална претстава како изгледа дигиталниот процес.
За кого е работилницата
За тебе е ако
- + Работиш мануелно, но сакаш да научиш и да го совладаш дигиталниот дизајн
- + Си средношколец - забен техничар и сакаш навреме да се запознаеш со дигиталниот дизајн и да стекнеш нова вештина
- + Си студент по дентална медицина и сакаш да го совладаш дигиталниот дизајн и да ги проширеш своите знаења
Не е за тебе ако
- − Веќе работиш активно во Exocad и ти требаат напредни техники и комплексни случаи
- − Немаш минимум 4 часа неделно кои можеш да ги посветиш на учење и вежбање
- − Работиш во друг CAD софтвер и бараш обука за конкретно тој софтвер
Твојот ментор
Александра Симоновска
Работам во забна техника 18+ години, од кои последните пет целосно дигитално. Зад мене стојат над 5.000 дизајнирани изработки, и клиенти во Скопје, Загреб, Прага и Белград.
EXOCAD го научив преку проби, грешки и многу рекламации. Работилницата е она што сакав некој да ми го покажеше на почеток.
Работам со мали групи, за секој да го видам додека дизајнира.