Никогаш немаше отворено Exocad. Денес самостојно дизајнира случаи за клиника.
Ова е приказната на една моја клиентка, која ќе те врати малку назад, но и ќе те натера да размислиш за тоа кој би бил твојот нареден чекор… Кога таа го заврши факултетот сакаше да работи во дигитална стоматологија, но многу брзо сфати дека факултетот не е доволен. Не знаеше од каде да почне. Никогаш немаше работено во Exocad. Сакаше да учи, но немаше кој да ѝ покаже.
Се плашеше дека нема да биде доволно добра. Дека сите околу неа знаат повеќе. Дека ќе остане заглавена на почеток.
Ова го слушам речиси од секој студент и средношколец по забна техника. Сите сакаат да работат дигитално, но не знаат од каде да почнат, немаат поддршка и немаат систем. Се обидуваат сами, губат време и на крај мислат дека проблемот е во нив. А вистината е дека не им недостига талент, туку вистинско водство.
Затоа почнавме од самите основи и одевме чекор по чекор, прво основите, потоа постепено покомплексни случаи. Сè имаше свој ред, за да не се чувствува изгубено, и во ниту еден момент не беше сама. По завршувањето на програмата продолживме и со индивидуална работа.
Најголемата промена што и се случи не беше до тоа што само научи Exocad. Најголемата промена беше што таа денеска уште повеќе верува во себе.