Од мене за тебе
Најскапо е да останеш на истото ниво.
Колку случаи не прифаќаш затоа што не си сигурен? Колку клиенти си изгубил или не си прифатил затоа што не си знаел како? Колку време губиш барајќи делови од решението? Знаењето има цена, но и незнаењето има цена.
Александра Симоновска · Твој ментор низ Mastering Exocad
Exocad не го менува животот, го менува одлуката да не останеш на истото место.
Не верувам дека луѓето го менуваат својот живот кога ќе научат Exocad. Верувам дека го менуваат во моментот кога ќе одлучат повеќе да не живеат под својот потенцијал. Од тој ден сè почнува да се менува, не затоа што промената е лесна, туку затоа што конечно избираш да инвестираш во себе.
Можеби и ти сега си токму таму. Работиш напорно, имаш желба да напредуваш и знаеш дека можеш повеќе, но чувствуваш дека нешто те држи на истото место.
Можеби е стравот дека нема да успееш. Можеби мислиш дека е предоцна. Или си убеден/а дека другите се поталентирани од тебе.
Дозволи да ти кажам нешто што го научив низ годините работејќи со забни техничари: не успеваат најталентираните. Успеваат оние што ќе одлучат да започнат, оние што не чекаат совршен момент и разбираат дека секоја голема промена започнува со една одлука.
„Не успеваат најталентираните. Успеваат оние што ќе одлучат да започнат.“
Exocad не е само програма. Тоа е вештина што може целосно да ја промени насоката на твојата кариера, да ти отвори врата до подобро платена работа, до соработка со лаборатории и клиенти од различни земји, до можност еден ден сам/а да одлучуваш како, кога и со кого ќе работиш.
Но најголемата промена не се случува на екранот. Таа се случува во тебе, во моментот кога ќе сфатиш дека повеќе не зависиш од тоа дали некој ќе ти даде шанса, туку сам/а си создаваш нови можности.
Токму затоа ја создадов оваа програма. Не за да те научам само каде да кликнеш, тоа можеш да го најдеш и на интернет, туку за да ти покажам како вистински се работи во Exocad, чекор по чекор. Да ги избегнеш грешките што повеќето ги прават, да добиеш знаење што веднаш ќе го примениш во реална работа и, најважно, да излезеш со сигурност дека можеш самостојно да работиш.
Замисли го моментот кога ќе седнеш пред компјутер без страв. Кога ќе добиеш проект и ќе знаеш дека можеш да го изработиш. Кога ќе аплицираш за подобра работа без да се прашуваш дали си доволно добар/а. Кога твоето знаење ќе ти донесе повеќе избор, поголема слобода и подобра заработка. Тоа чувство нема цена.
Верувам во една работа: знаењето не ти гарантира успех, но ти дава можност да создадеш живот каков што денес само го замислуваш. И можеби токму оваа одлука ќе биде почетокот на кариерата за која еден ден ќе си кажеш:
„Најдоброто нешто што направив беше тоа што конечно си дадов шанса на себе.“
А јас ќе бидам тука да те водам на секој чекор од тој пат.
Понекогаш најскапото нешто не е едукацијата.
Цената на одложувањето. Најскапо е да останеш на истото место. Да се сомневаш во себе, да одложуваш случаи, да губиш клиенти, да бараш потврда за секоја одлука. Тоа е цена што се плаќа секој ден.
- Пропуштени случаи. Колку случаи одбиваш затоа што не си сигурен? Нормално е да имаш дилеми. Но целта е да стекнеш знаење и логика со кои ќе ги прифаќаш случаите со поголема сигурност, а не да ги избегнуваш.
- Изгубено време. Наместо со часови да составуваш решение од неповрзани видеа на you tube, научи ја логиката што ќе можеш да ја примениш на својот случај. Туторијалите покажуваат туѓи примери тебе ти треба пристап што ќе можеш да го примениш на своите случаеви.
- Зависност од други. Колку често чекаш колега да ти го реши следниот чекор? Колегата може да ти даде одговор. Но не може секогаш да биде до тебе. Она што навистина ти треба е знаење да ја анализираш ситуацијата и сам да донесеш правилна одлука.
Не те запира софтверот. Те запира приказната што си ја кажуваш пред да почнеш.
Практична промена во размислувањето. Понекогаш најголемата пречка не е тоа што нешто е тешко.
Туку тоа што однапред сме убедени дека не е за нас.
- „Не сум технички тип.“
- „Ќе ми одземе премногу време.“
- „Можеби не сум доволно способен.“
Овие мисли не се факти.
Тие се заклучоци што сме ги донеле пред воопшто да си дадеме шанса.
Затоа не барам веднаш да ги промениш.
Туку само да им поставиш едно ново прашање.
- Наместо „Не можам.“, прашај се: „Што е тоа што сè уште не го знам?“
- Наместо „Премногу е комплицирано.“, прашај се: „Кој е првиот чекор што можам да го направам?“
- Наместо „Ќе се снајдам сам.“, прашај се: „Колку време веќе се обидувам сам и каде сум денес?“
Една поинаква мисла не го менува само денот.
Го менува начинот на кој учиш, работиш и гледаш на себе.
А токму таму започнува секоја вистинска промена.
Прашањето не е дали можеш да си дозволиш да инвестираш во една програма.
Вредност што останува. Прашањето е дали можеш да си дозволиш уште долго да работиш без знаење што ќе ти остане засекогаш. Знаење што ќе ти отвори нови можности и ќе ти донесе повисока заработка.
Затоа што постои разлика помеѓу нешто што носи моментално задоволство и нешто што го менува начинот на кој работиш.
Краткорочно. Купуваме работи што нè радуваат неколку дена или недели. Тоа чувство е убаво, но брзо станува дел од секојдневието. Не ни дава поголема сигурност. Не ни помага полесно да донесеме одлука. Не нè прави подобри во она што го работиме.
Долгорочно. Кога вложуваш во знаење, не добиваш само информации. Добиваш начин на размислување што го носиш со себе во секој следен случај. Со секое ново искуство расте твојата сигурност, самостојност и доверба во сопствените одлуки.
Предметите со време ја губат својата вредност. Вештините, напротив, ја зголемуваат твојата.
Затоа, не споредувај ја цената на програмата со цената на едно купување.
Спореди ја со вредноста што ќе ја создава за тебе секој ден кога ќе работиш посигурно, посамостојно и со повеќе самодоверба.
Немам тајна. Имам систем.
Најлесно е да одговорам со една реченица. Но вистината е дека нема една голема тајна, има многу мали одлуки повторувани со години. Во еден момент сфатив дека ако јас не растам, нема да расте ни мојата работа. Истото важи и за тебе со Exocad: сигурноста не доаѓа од една изгледана лекција, туку кога учиш, вежбаш, анализираш и повторуваш по јасен редослед.
- Ја учиш логиката. Разбираш зошто се прави чекорот, не само каде се наоѓа алатката.
- Работиш реален случај. Го применуваш наученото додека случајот е пред тебе.
- Ја гледаш грешката. Не ја прескокнуваш грешката. Учиш каде и зошто настанала.
- Добиваш корекција. Менторот те насочува додека работиш, пред грешката да стане навика.
- Повторуваш самостојно. Со секое повторување носиш посигурни одлуки во дизајнот.
Истиот редослед по кој и јас учев да работам
Нема да те фрлам веднаш во најсложениот случај. Прво заедно ја градиме основата, потоа ја прошируваме на посложени реставрации и на крај работиш напредни рехабилитации, точно онака како што вештината се гради во реална лабораторија.
Модул 1 · Mastering Exocad Fundamentals. Од прво отворање на Exocad до самостоен workflow од скен до STL: коронки, мостови, inlay и onlay.
Модул 2 · Mastering Exocad Intermediate. Имплантни реставрации, custom abutments, veneers, wax-up и привремени решенија со повеќе контрола.
Модул 3 · Mastering Exocad Advanced. All-on-X и целосни рехабилитации, со фокус на функција, естетика и предвидлив дигитален процес.
Во програмата: Exocad demo верзија · 15+ реални случаи · Водич низ програмата и библиотеки на платформата · Снимки од сесиите и работни фајлови · Сертификат и менторска поддршка.
Ако се препознаваш во ова, да поразговараме
Закажи краток разговор со мене. Ќе ти кажам искрено дали програмата одговара на твоето моментално искуство, како изгледа работата и какви се опциите за плаќање, без притисок да одлучиш веднаш.
3 месеци практична работа · онлајн · старт 24 септември · Exocad demo верзија