Приказни · Мануелен → дигитален
Не почнуваш од нула. Почнуваш со знаењето што веќе го имаш.
Анатомијата, контактите, оклузијата и функционалниот дизајн остануваат исти. Exocad е новата алатка преку која ги применуваш.
Александра Симоновска · 18+ години во забна техника · 7 мин читање
Ординацијата купи скенер. Случајот што порано доаѓаше како отпечаток, сега доаѓа како фајл. Ти работиш исто толку добро како лани - но фајлот оди кај некој што знае да го отвори.
Не се смени занаетот. Се смени патот до него. И не те стигнува подобар техничар - те стигнува техничар со иста вештина и една алатка повеќе.
Дигиталното не значи почеток од нула
Тоа е заблудата што ја слушам најчесто. Ако веќе разбираш анатомија, оклузија и функционален дизајн, ти веќе ја имаш основата. Exocad не те учи што е добра форма - тоа е твое знаење. Само ти дава нов начин да го примениш.
Најбрзо учиш кога секоја функција ја поврзуваш со одлуката што и онака ја носиш секој ден:
- Анатомијата станува избор, поставување и обликување на природна форма.
- Контактите ги проверуваш и коригираш со дигитални мерни алатки.
- Оклузијата ја контролираш преку мапи и виртуелен артикулатор.
- Слоевитоста ја носиш во cutback и дигитален wax-up - истата логика за тоа каде оставаш простор за керамика и зошто.
- Рекламациите ги гледаш на екран пред случајот да замине на фрезање.
Почетникот учи и Exocad и заби. Ти учиш само Exocad. Затоа стигнуваш побрзо - не побавно.
Шеснаесет години работев со раце
Гипс, восок, керамика. Кога преминав на Exocad, немаше кој да ми покаже редослед. Учев преку проби, грешки и многу рекламации - секоја од нив ме чинеше време и пари, и секоја ме научи нешто што некој можеше да ми го каже за пет минути.
Пет години подоцна дизајнирам за клиники во Скопје, Загреб, Прага и Белград. Истите раце. Иста глава. Друга алатка. Не бев побрза од тебе - само немав кој да ми ја покаже грешката додека уште беше грешка.
Не е предоцна. Едноставно е подоцна отколку што сакаше - а тоа е сосема друго нешто.
Коронката е само почетокот
Кога почнав, и јас учев прво коронки. Но штом ја разбрав логиката на дизајнот, истото знаење го пренесов на посложени случаи. Проблемот никогаш не беше дали Exocad може - туку дали знам како да го водам процесот. Потоа доаѓаат мостови, veneers, импланти, custom abutments, wax-up, привремени решенија и All-on-X.
Не сакам да те научам каде да кликнеш. Сакам да знаеш зошто го правиш секој чекор - која алатка решава конкретен проблем, како да го провериш резултатот и што да коригираш пред да продолжиш. Токму тоа ја прави разликата меѓу кликање и сигурен дигитален дизајн.
Немам тајна. Имам систем.
Најлесно е да одговорам со една реченица. Но вистината е дека нема една голема тајна, има многу мали одлуки повторувани со години. Во еден момент сфатив дека ако јас не растам, нема да расте ни мојата работа. Истото важи и за тебе со Exocad: сигурноста не доаѓа од една изгледана лекција, туку кога учиш, вежбаш, анализираш и повторуваш по јасен редослед.
- Ја учиш логиката. Разбираш зошто се прави чекорот, не само каде се наоѓа алатката.
- Работиш реален случај. Го применуваш наученото додека случајот е пред тебе.
- Ја гледаш грешката. Не ја прескокнуваш грешката. Учиш каде и зошто настанала.
- Добиваш корекција. Менторот те насочува додека работиш, пред грешката да стане навика.
- Повторуваш самостојно. Со секое повторување носиш посигурни одлуки во дизајнот.
Истиот редослед по кој и јас учев да работам
Нема да те фрлам веднаш во најсложениот случај. Прво заедно ја градиме основата, потоа ја прошируваме на посложени реставрации и на крај работиш напредни рехабилитации, точно онака како што вештината се гради во реална лабораторија.
Модул 1 · Mastering Exocad Fundamentals. Од прво отворање на Exocad до самостоен workflow од скен до STL: коронки, мостови, inlay и onlay.
Модул 2 · Mastering Exocad Intermediate. Имплантни реставрации, custom abutments, veneers, wax-up и привремени решенија со повеќе контрола.
Модул 3 · Mastering Exocad Advanced. All-on-X и целосни рехабилитации, со фокус на функција, естетика и предвидлив дигитален процес.
Во програмата: Exocad demo верзија · 15+ реални случаи · Водич низ програмата и библиотеки на платформата · Снимки од сесиите и работни фајлови · Сертификат и менторска поддршка.
Ако се препознаваш во ова, да поразговараме
Закажи краток разговор со мене. Ќе ти кажам искрено дали програмата одговара на твоето моментално искуство, како изгледа работата и какви се опциите за плаќање, без притисок да одлучиш веднаш.
3 месеци практична работа · онлајн · старт 24 септември · Exocad demo верзија